https://www.facebook.com/photo.php?fbid=177092504892522&set=pb.100077753190307.-2207520000..&type=3

22.12.2022 Скопје

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес ја започнува дводневната студиска посета во Загреб, Република Хрватска организирана под мотото „Заедно во заштита на менталното здравје на деца и млади“. Целта на оваа посета е размена на позитивни пракси од Република Хрватска за унапредување на положбата на младите како и промоција на грижата на нивното ментално здравје.

Министерката за време на посетата ќе оствари средба со Министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика, Марин Пилетич, градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ и Министерот за здравство, Вили Берош.

Во склоп на студиската посета е и нејзиното учество на повеќе тркалезни маси како и посета на центар за справување со булинг „Лука Риз“, Поликлиника за заштита на деца и млади и Центар за здравје на младите.

Заложбите на Министерството за труд и социјала политика за унапредување на животниот стандард на младите е приоритет. Во наредниот период размената на позитивните пракси и искуства во делот на заштита на деца и млади ќе бидат искористени во креирањето на политики.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author