10.12.2022 Скопје
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска порача дека треба да се охрабрат децата и родителите да пријавуваат секакво насилство во училиштата од врсници, а Министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа реагира веднаш по добиена пријава.
Во врска со зачестеното врсничко насилство во училиштата, министерката Тренчевска денеска во Струмица изјави дека претставници од центрите излегуваат на терен, разговараат со стручната служба, со децата, со родителите и ги преземаат сите мерки согласно законот.
Тренчевска истакна дека во сите случаи што кадешто е утврдено дека насилството од врсници навистина е сторено се земаат мерки согласно Законот за малолетници, односно за правата на децата според кој се изрекуваат согласно Законот за малолетничка правда, преку кој се изрекуваат воспитни мерки за сите оние деца коишто вршат насилство врз своите врсници.
Подготвено од А.Ѓ.