https://www.flickr.com/photos/bcjens/432249495/in/photolist-EcoHv-EckYU-EchQK-Ecnk6-4hAr6i-EcgUK-EcnPi-Ecn1N-EcmhX-Eck3U-EckjA-Ecgte-EcoeE-EcnsS-EcfZU-EcgFt-EckMJ-EcihA-EchCt-EcnLm-Ecoqf-Eciox-Eck7D-EcmSV-EcoeK-EcgxB-ahrUQJ-Ecnvt-EcmbG-EciMM-EcmNz-EcgJQ-EchXP-EckKR-Eciqy-EciVF-Ech9g-ahoFjc-Echq4-2myn9S1-2myna24-2mynaSc-2mydnwE-2mykWdK-KuATNp-Ecj5S-oTnXs9-paSNAT-oTowBT-oTnYgJ

16.12.2022 Скопје

Градоначалникот на Тетово Билал Касами соопшти дека градот нема да биде украсен за новогодишните празници, но во текот на целата новогодишна ноќ општината одлучила да пушти улично осветлување.

Општина Тетово уште минатиот месец одлучи после полноќ да се гаси јавното осветлување, како една од мерките за штедење на електрична енергија.

Општина Тетово на Седница на совет формираше трговско друштво „Електро Тетово“ за менаџирање на уличното осветлување, кое како што беше посочено би се занимавало со набавка и производство на струја за потребите на јавното осветлување, но неколку дена по оваа донесена одлука, Владата донесе друга одлука со која им забрани на општините да формираат претпријатија за јавно осветлување и таа одлука ја окарактеризара како незаконска и побара истата да се укине.

За оваа одлука од Владата, градоначалникот на Тетово Билал Касими изјави дека нема да се откаже од идејата за тоа трговско друштво и истакна дека правдата ќе ја бара преку други институции на системот.

На оваа одлука за новогодишното украсување на Тетово се придружи и Гостивар, каде во соопштение од градот истакнаа дека, Општина Гостивар има донесено одлука дека градот нема да се украсува за новогодишната ноќ.

Подготвено од М.Н.

About Author