15.12.2022 Скопје
Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ се уште се на барикадите кои се поставени на северот на Косово каде што косовската полиција не дозволува премин преку Јариње и Брњак.
Владата на Србија денеска треба донесе одлука за испраќање барање до КФОР за обезбедување присуство на српските сили на северот на Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар.
Есобар по средбата со Вучиќ изјави дека САД го отфрлаат враќањето на српските сили на Косово бидејќи се против милитаризацијата на проблемот, а наместо тоа ќе се залага за дијалог и повторно додаде дека Вашингтон се залага за формирање Заедница на српски општини.
Кризниот штаб во Митровица апелираше до граѓаните на северот на Косово да истраат во оваа тензична состојба и да останат смирени се до изнаоѓање на соодветно решение кое се надеваат дека ќе го имаат наскоро.
Подготвено од М.Н.