https://kultura.gov.mk/%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%82%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%b5%d1%80%d0%b0-%d0%b2/

20.12.2022 Скопје

„Татко на татковината“ е новата премиера во Народниот театар – Битола која ќе биде одиграна на 21 декември во 20 часот. Автор и режисер е Иван Пеновиќ.

Во претставата играат Никола Пројчевски, Викторија Степановска-Јанкуловска, Мартина Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска-Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ.

„Татко на татковината” е адаптација на култната драма од Алфред Жари, „Кралот Иби“.

Сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author