https://www.facebook.com/photo?fbid=460371592940040&set=pcb.460371712940028

13.12.2022 Скопје

Директорот на Бирото за јавна безбедност на Република Северна Македонија, Сашо Тасевски денеска учествуваше на состанок  на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа СЕПКА во рамки на Романското претседавање, кој што се одржа во Букурешт.

Тасевски во своето обраќање се осврна на состојбата во областа на борбата против компјутерскиот криминал, можностите за обуките на Агенцијата на Европската Унија за обуки за спроведување на законот ЦЕПОЛ и заедничките проекти на ИНТЕРПОЛ, а беше поздравено и објавувањето на новата проценка на закани од сериозен и организиран криминал на земјите членки на СЕПКА за 2021 година, соопштија од МВР.

Генералното собрание е највисокото тело за донесување одлуки во рамки на СЕПКА во кое членуваат генералните директори на полициските служби на земјите членки на Асоцијацијата.

По завршената дискусија на состанокот и излагањата на новите предизвици и патот натаму кон нови задачи, состанокот на Генералното собрание завршил со предавање на претседателството од Романија на Република Српска.

Подготвено од М.Н.

About Author