https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/photos/pcb.711481227270478/711481147270486/

27.12.2022 Скопје

Во просториите на Град Скопје, вчера беа свечено доделени признанијата на најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител на град Скопје за 2022 година.

Градоначалничката Данела Арсовска истакна дека фактот што годинава станува збор за млади луѓе кои се избрани од својот колектив како најдобри, посебно радува, и со тоа се надева дека ќе се поттикнат граѓаните да ја покажат својата храброст и хуманост.

За најдобар пожарникар во 2022 година истакнат со особено ефикасно и успешно работење е прогласен Иво Цветковски, предложен од Командирот на вод на Бригадата за противпожарна заштита. Цветковски изминатата година учествувал во гаснењето на бројни пожари и учествувал во технички интервенции со придонел за намалување на материјални штети и спасување на човечки животи.

Ардит Ќаили е најдобар крводарител на подрачјето на Град Скопје за 2022 година, кој е предложен од Црвениот крст на Град Скопје, како докажан млад волонтер од организацијата во Чаир. Со своите 23 години, како волонтер е истакнат како позитивен пример, за поттик на младите да станат крводарители и волонтери во хуманитарни акции.

За најдобар полицаец е прогласен Илија Алексовски, вработен во Полициската станица од општа надлежност Центар при СВР Скопје. Алексовски е предложен од Секторот за внатрешни работи Скопје, за особени резултати при реализација на многубројните задачи и активности за потребите на СВР Скопје, како и за значаен придонес во тимот.

Подготвено од М.Н.

About Author