neredi brisel maroko svetsko

15.12.2022 Скопје

Синоќа во Брисел се приведени околу стотина навивачи поради нереди по поразот на Мароко од Франција со 2:0 во полуфиналниот натпревар на Светското првенство во фудбал.

Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети, делови од патиштата во центарот на градот биле блокирани, а на фотографии кои се објавени на социјалните мрежи се гледа купишта запалено ѓубре, голем број полицајци облечени во опрема за разбивање нереди и жители кои во доцните часови почнале да ги чистат улиците.

Мароко стана првата селекција од Африка која стигна до најдобрите четири на Светското првенство, откако ги победи Шпанија во осминафиналето и Португалија во четвртфиналето.

Подготвено од М.Н.

About Author