https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=jens+stoltenberg&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=YJS_vrTIzZmneM

30.12.2022 Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, се заложи за испраќање повеќе оружје во Украина како најбрз начин за постигнување мир во Европа.

За германската агенција ДПА, Столтенберг изјави дека можеби звучи како парадокс, но воената поддршка за Украина е најбрзиот пат за мир.

Според Столтенберг, најдобриот начин да се осигура дека Украина преовладува како независна демократска држава и да се постигне мирно решение со преговори е да се обезбеди вооружување, бидејќи „тоа е единствениот начин“ да се убеди претседателот Владимир Путин дека нема да ја постигне својата цел да преземе контрола на Украина.

Запрашан за можноста Русија да се обидува да ја забави војната за да се подготви за нова офанзива на пролет, како што предвиде самиот генерален секретар на Атлантската алијанса, Столтенберг предупреди на важноста да се подготви за долготрајна војна .

Генералниот секретар на Нато истакна дека војните се непредвидливи, но мора да „се подготвиме за долг рок, а исто така и за нови руски офанзиви“.

Во оваа смисла, тој ја бранеше својата теза дека „ништо нема да биде како порано“ во однос на односот меѓу земјите од Европската унија и Русија.

„Крајот на војната не може да значи целосно враќање во нормала. Видот на односите со Русија во иднина ќе зависи од однесувањето на Русија“, рече тој неколку дена откако германскиот канцелар Олаф Шолц предложи можност за економска соработка меѓу Германија и Русија доколку војната е завршена.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author