31.12.2022 Скопје
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Владимир Путин не се откажал од своите планови да ја контролира Украина.
Русија мобилизираше многу нови војници и покажа дека е подготвена да претрпи болни загуби. Војните се непредвидливи и затоа мора да бидеме подготвени за нова руска офанзива. „Русија воопшто не треба да се потценува“, изјави Столтенберг.
Шефот на НАТО ги повика сојузниците да и обезбедат на Украина воена опрема за да го убедат Путин дека нема да ја постигне својата цел, односно дека нема да може да ја преземе контролата врз Украина.
Сите сме свесни дека повеќето војни завршуваат на преговарачка маса, веројатно и оваа војна така ќе заврши, но исто така знаеме дека тоа што може да постигне Украина во тие преговори зависи од нејзината воена ситуација, истакна Столтенберг.
Подготвено од М.Н.