26.12.2022 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека очекува Шведска и Финска официјално да се приклучат на НАТО во 2023 година, и посочи дека процесот на ратификација ќе биде завршен навреме.
Столтенберг јасно стави до знаење дека не очекува Турција долго време да го блокира процесот на прием на Финска и Шведска во НАТО.
Турското раководство ја оправдува својата позиција со наводната поддршка на двете земји на „терористичките организации“, мислејќи на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).
Сепак, според некои шпекулации, улога во турската блокада играат и одлуките на одделни земји од НАТО кои ја прекинаа продажбата на оружје на Анкара, како на пример, САД ја исклучија Турција од нејзината програма за производство на борбени авиони Ф-35, откако владата во Анкара купи противракетни системи С-400 од Русија, и покрај противењето на партнерите во НАТО поради безбедносни причини.
Подготвено од М.Н.