
01.12.2022 Скопје
Државниот завод за статистика соопшти дека Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места со 2,9 отсто, а најголем број на слободни работни места од 3.459 има во групата Работници во услужни дејности и продажба.
Во третото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 2,07 отсто. Највисока стапка на слободни работни места од 3,84 проценти има секторот Транспорт и складирање, а најниска во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, 0,17 отсто.
Според Државниот завод за статистика, деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 3,22 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.