https://chamber.mk/%d1%81%d1%81%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%84%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%81%d0%bb%d0%be/?fbclid=IwAR1Q3ItdheSLUSClMJlrzsuaphMZgzmYs7DiW2LpB-eY5eZOlZdEeeiVuCY

10.12.2022 Скопје

Михајло Евросимовски, член на Управниот одбор на Сојузот на стопански комори на Република Северна Македонија на регионалната конференција „Гледајќи кон утре“ организирана од „Пословни дневник“ во Загреб, истакна дека посегнувањето по нови даноци не е решение, бидејќи така ќе биде уште поголем притисокот за стопанството во услови кога тоа е изложено на негативните последици предизвикани од енергетската криза и другите негативни економски случувања.

Ова е втора конференција која ја организира влијателниот хрватски медиум со цел да поттикне унапредување на соработката меѓу стопанските комори и претставниците на бизнис заедницата од земјите во регионот како и да се поттикнат заедничките можности за соработка во однос на освојувањето на европскиот пазар и привлекувањето на странски инвестиции.

Евросимовски истакна и дека за полесно надминување на состојбите потребно е да се утврдат секторите кои може да го зголемат извозот и со тоа да повлечат кон економски раст и тие сектори да се поддржат.

Во дебата во која се даде осврт кон актуелните економски случувања во земјите од регионот учествуваа и помошник директор на Секторот за стратешки анализи, аналитика, услуги, услуги и пакети производи на Стопанската комора на Србија, Бојан Станиќ и директор на Секторот за истражување и анализа на Стопанската комора на Црна Гора, Миљан Шестовиќ.

Соговорниците се осврнаа и кон иницијативата „Отворен Балкан”, која како што истакна Евросимовски, треба да ја зголеми соработката меѓу земјите од регионот особено со Хрватска која може да бидат патот за нашите производи до пазарот на Европска Унија.

На настанот од нашата земја присуствуваше и Златко Панков, директор и сопственик на компанијата „Панекс”, кој беше дел од панелот на интервјуа со стопанственици, кои ги споделија своите искуства во водење бизнис и справување со актуелните предизвици.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author