https://www.flickr.com/photos/151615585@N04/46049949874/in/photolist-2mZ48pv-YM1bEK-2mYXH8y-2mZ5nRv-2mZ7YtZ-2mZ4c8W-2mZ4cqu-2mZ4ciL-2mZ4MQZ-2mYYnUm-2mZ7iPz-2mZ3wGn-2mZ5nZg-2mZ4crm-2mZ7YwQ-2mZ7Z15-2mZ4cFj-2mYXGUn-2mZ7iWi-2mZ63UR-2mYYnXx-2mZ7YAc-2mYYokb-2mZ64aW-2mZ48kh-2mZ4cb6-2mZ4coq-2mZ7YNw-2mZ64eo-2mZ4czT-2mZ7YEa-2mZ6Fqx-2mZ7YHS-2mZ7YM4-2mZ3wNE-2mZ4cEx-2mZ644d-2mZ4cgr-2mZ7Yrp-2mZ4cxD-2dah2K1-2mZ64gH-2mZdJs5-2mZ649Z-2mZ4cHD-24i57hS

14.12.2022 Скопје

Заменик-претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума, Алексеј Чепа, изјави дека одлуката за пристапување на Србија кон Русија зависи од волјата на српскиот народ.

Чепа истакна дека оваа одлука не е на претседателот на Србија туку на српскиот народ, и народот треба да ја донесе оваа одлука со свикување на реферандум во државата.

Иако ќе има многу противници на оваа одлука но ние сепак во секој случај ќе ја дадеме нашата поддршка на Србија, и се надеваме дека претседателот Вучиќ успешно ќе се справи со провокациите и заканите од страна на Европската унија истакна заменик-претседателот Алексеј Чепа.

Србија заедно со Турција е единствената земја кандидат која не воведе санкции против Русија по нејзината агресија врз Украина, по што советот на Европската унија изрази „длабоко жалење“ поради уназадувањето на Србија во усогласувањето со надворешната политика на Унијата и одбивањето да воведе санкции против Русија.

Подготвено од М.Н.

About Author