https://www.facebook.com/photo.php?fbid=676280610535376&set=pb.100044603281797.-2207520000.&type=3

05.12.2022 Скопје

Милош Вучевиќ, српскиот министер за одбрана, ги повика младите во земјата да ја искористат можноста и да одговорат на доброволното служење на воениот рок.

Вучевиќ најави дека ќе има стручни дискусии за враќање на задолжителното служење на воен рок, нагласувајќи дека тој е за негово враќање и оти ќе се види дали ќе трае три недели или три месеци.

Министерот за одбрана нагласи дека враќањето на воениот рок има за цел да ја обучи следната генерација за справување со кризни ситуации за граѓаните на Србија да бидат безбедни, истакнувајќи дека се немирни кога има поплава или пожар и не знаат како да реагираат, а кога зборуваат за враќање на воениот рок, не зборуваат за војување, туку војската да биде на услуга на граѓаните кога е најпотребно во најтешките моменти.

Вучевиќ смета дека сите млади полнолетни до 30 години треба да ја поминат воена обука, вклучително и оние постари генерации кои зачекориле во четвртата деценија и кои не служеле војска. Но, за нив би требало да се воведе пократок период на обука од три недели.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author