05.12.2022 Скопје
Србија е една од десетте најстари земји во Европа каде што бројот на белокосите во голема мера го надминува бројот на децата.
Најновите податоци на Републичкиот завод за статистика покажуваат дека секој петти човек во нашата земја има над 65 години, а секое седмо лице е помладо од 15 години.
На научната конференција „Иднината на стареењето“ во Српската академија на науките и уметностите беше истакнато дека покрај тоа што претставува сериозен демографски предизвик, стареењето значи и зголемен притисок врз здравствениот и пензискиот систем, како и врз системот за социјална заштита.
Д-р Мирјана Рашевиќ од Центарот за демографски истражувања на Институтот за општествени науки истакна дека иако Јапонија е земја со најстара популација, каде дури и секој трет граѓанин има над 65 години, Стариот континент го носи тоа име од демографски оправдана причина, бидејќи бројот на припадниците на третото доба е најголем во Европа. Воедно, додаде дека податоците покажуваат дека четвртина од населението во Италија е над 65 години, во Грција, Португалија и Финска процентот на стари лица е 23 отсто, додека во Србија 21 отсто од општата популација припаѓа на категоријата стари лица.
Проекциите на Обединетите нации покажуваат дека бројот на стари лица се очекува да се удвои во следните три децении, секој четврти жител на Европа и Северна Америка ќе има над 65 години, а во Србија 27 проценти од населението ќе биде над 65 години.
Подготвено од А.Ѓ.