https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=bugarija+zname&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=fMpML_SfU62W1M&imgdii=ACOHsv4ovjXGjM

Bulgaria flag waving in the blue sky in the wind

23.12.2022 Скопје

Бугарија е на последно место по просечен годишен приход по човек во Европската унија, а Унгарија е едно место над таа држава, истакнаа бугарските медиуми повикувајќи се на податоци од Евростат.

Бугарија е на дното на рангирањето каде за 12 месеци работникот во таа држава добива во просек по 10.300 евра.

Просечниот годишен приход по лице во Европската унија за 2021 година е околу 33.000 евра. Лидер во рангирањето е Луксембург, каде просечниот годишен приход е 72 илјади евра, а првата тројка за најдобро рангирани во статистиката ја комплетираат Данска со 63.000 евра и Ирска со 50.000 евра годишен приход.

Во Романија приходите од плати годишно се во просек по 13 илјади евра, а во Унгарија 12.600 евра.

Според Евростат, останати статистики се за, Полска 14.431 евра, Грција 15.879 евра, Словачка 16.162 евра и Хрватска 16.169 евра.

Подготвено од М.Н.

About Author