29.12.2022 Скопје
На просечен возрасен човек му требаат седум до девет часа непрекинат ноќен сон за нормално функционирање на телото.
Недостатокот на сон е зло на модерното време, а важноста од доволно долго спиење во текот на ноќта секогаш е нагласена. Сепак, хиперсомнијата, односно прекумерното спиење и нејзиното влијание врз телото, ретко се дискутира.
По повеќе од една деценија како лекар за итни случаи во болницата Рамон и Кахал, докторот Цезар Карбало одговори на едно од најбараните прашања од читателите на Марка. Дали е лошо да се преспие или може да имате повеќе негативни ефекти отколку позитивни?
Докторот Карбало истакна дека не се препорачува да се спие многу, односно спиењето повеќе од девет часа има штетни последици по здравјето бидејќи вклучува нарушување на спиењето кое е исто толку негативно како и малку сон.
Во случај на депресија, еден од забележаните симптоми е хиперсомнија, односно често останување во кревет. Долгото останување во кревет може да доведе до дијабетес, бидејќи поради неактивноста се складира високо ниво на гликоза, што не ја согорува таа гликоза.
Спиењето повеќе од девет часа го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Исто така, долгото спиење предизвикува зголемување на резервите на гликоза, што исто така влијае на дебелината и нарушувањето во исхраната.
Подготвено од А.Ѓ.