21.12.2022 Скопје
Акциите на Мета, која е во сопственост на Фејсбук и Инстаграм, изгубија 66 отсто оваа година на 114,50 долари, што на компанијата и дава пазарна капитализација од околу 300 милијарди долари.
И покрај големиот пад на профитабилноста и отпуштањето на 11 илјади работници, челниците на технолошкиот гигант Мета платформи остануваат посветени на политиката на големи инвестиции во сегментот на виртуелната реалност и метаверс.
Ендрју Босворт, кој раководи со технолошкиот сектор на Мета, на блогот на компанијата потврди дека Мета сè уште гледа светла иднина за виртуелната реалност и верува дека количината на ресурси посветени на постигнување на таа цел е на соодветно ниво.
Босворт исто така нагласи дека инвестициите во виртуелната реалност и слични области ќе зависат од основната дејност на компанијата, која е забавена со падот на пазарот за рекламирање.
Босворт истакна дека компанијата издвојува околу 20 проценти од своите ресурси за овие долгорочни проекти, додека остатокот е сè уште наменет за главните деловни сегменти, како што се Фејзбук и Инстаграм.
Во првите три квартали од оваа година, сегментот на виртуелната реалност забележа оперативна загуба од 9,4 милијарди долари, во споредба со 6,9 милијарди долари една година порано. И покрај големите инвестиции, продажбата попушти, од 1,40 милијарди долари во првите девет месеци од минатата година на 1,43 милијарди долари во истиот период оваа година.
Подготвено од М.Н.