https://www.flickr.com/photos/195212960@N06/51935862400/in/photolist-2n8oSts-2nm48B6-2n7UBkF-2nc6wAx-2ndX8my-2ndo91G-2naMnDk-2nbrJ4o-2n9EVb9-2n8DCqC-2n9dSJH-2n6yZB9-2n7kcxj-2nf2ujH-2n6xD2D-2n6jugZ-2n9JUMX-2nyfiwS-2nczX8X-2nbZr3b-2nmkbyL-2nnBPWn-2nD46Zs-2nf88Nk-2n6nqDH-2nmenkQ-2n5sL7k-2nsK3yk-2n5DTve-2nqMPCq-2nH5oLB-2nkPUzs-2njJzxL-2ncUysf-2nfzxuy-2n9515e-2nnY2Cs-2nfDHeQ-2n6ELPn-2n5EtDD-2n9FWYw-2n8G2CJ-2n8fMp6-2mZAHbA-2ncyLSd-2najE58-2nbk82U-2nbDcZY-2nmb1K4-2n7K6ak

14.12.2022 Скопје

Според новиот извештај објавен од Глобсек, повеќето граѓани на Словачка имаат негативни ставови за прифаќањето бегалци кои бегаат од воена Украина, што е остар контраст во споредба со граѓаните во другите земји од Вишеградската четворка.

Учесниците во истражувањето за извештајот беа прашани за тоа како гледаат на украинските бегалци во нивните земји.

Во Словачка, 52% од испитаниците рекле дека гледаат негативно, додека само 42% рекле дека чувствуваат позитивни емоции кон нив. Ова е во остра контраст со резултатите од истражувањето за другите земји од Вишеград, Чешка, Унгарија и Полска.

На украинските бегалци најповолно се гледа во Полска, каде 85% од луѓето ги гледаат позитивно, а само 11% негативно. Во Унгарија позитивно мислење имале 82%, а негативно 15%. Во Чешка позитивното мислење беше малку пониско, со 73% за, а 25% изјавија дека имаат негативни ставови.

Сепак, севкупните позитивни ставови не секогаш се преведуваат на поддршка на политиките за благосостојба за бегалците.

Мнозинството и во Словачка и во Чешка, на пример, веруваат дека помошта што им се дава на украинските бегалци треба да се намали. Сепак, Словаците се издвојуваат како единственото население каде мнозинството верува дека оние што бегаат од Украина не треба да добијат пристап до бесплатна здравствена заштита.

Еден од авторите на извештајот, Патрик Сичерле, научен соработник за Центарот за демократија и отпорност во Глобсек, објасни дека еден од клучните двигатели на негативните перцепции се грижите на популацијата-домаќин која се плаши од негативните влијанија на помошта за бегалцоте врз сопствената економска ситуација. Воедно, додаде дека ова се рефлектира во мислењето за тоа каква поддршка треба да добијат украинските бегалци.

Коавторката на извештајот, Јана Казаз, истакна дека партиската политика е уште еден одлучувачки фактор што влијае на перцепциите на луѓето кои бегаат од војната, како и гласачите на партиите кои објавуваат непријателска реторика против бегалците имаат значително поголема веројатност да гледаат неповолно на присуството на Украинците.

Според авторите на извештајот, друг фактор што одредува како луѓето гледаат на бегалците е поврзан со кого сметаат дека е одговорен за војната, при што оние кои тврдат дека тоа е Украина, САД или НАТО имаат многу поголема веројатност да ги перцепираат украинските бегалци негативно.

Во Словачка, каде што на украинските бегалци не се гледа толку поволно, на пример, само 39% од анкетираните ја обвинуваат Русија, додека 46% ги обвинуваат Украина, САД или НАТО.

Истражувањата во Словачка упорно ја мерат посилната амбивалентност кон причините и одговорноста за војната во Украина.

Во септември, Eвроактив објави за контроверзните резултати од истражувањето, според кои повеќето Словаци би ја поздравиле воената победа на Русија во Украина.

Минатата година, Глобсек откри дека 56 отсто од луѓето веруваат дека НАТО намерно ја провоцира Русија со опколување на нејзините воени бази, а повеќе од половина, исто така, веруваат дека Русија е жртва на „западни заговори“.

Во јануари, еден месец пред инвазијата, 44 отсто верувале дека НАТО е одговорен за тензиите во Украина, додека само 34 отсто сметале дека Русија е виновна.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author