https://www.facebook.com/photo/?fbid=706752930808079&set=pb.100044201361085.-2207520000.

16.12.2022 Скопје

Откако Парламентот изгласа недоверба на кабинетот на премиерот Едуард Хегер, словачката претседателка, Зузана Чапутова денеска ја распушти владата.

На словачката коалициска влада во вчерашниот ден и беше изгласана недоверба во Парламентот, каде што од 150 пратенички места, 78 пратеници односно двајца повеќе од потребните 76, гласаа за разрешување на трипартиската малцинска влада на премиерот Хегер.

Претседателката Чапутова побара од Хегер и министрите од неговиот кабинет да продолжат да ја извршуваат функцијата се додека не се формира нова влада и додаде дека политичките лидери треба да ги разгледаат чекорите за одржување предвремени избори во првата половина на 2023 година.

Подготвено од М.Н.

About Author