19.12.2022 Скопје
Навиката на градоначалничката Данела Арсовска за да не информира за она што ги интересира граѓаните се уште продолжува, па оние граѓани кои случајно викендов поминуваа на градскиот плоштад видоа дека таму веќе е започнато новогодишното украсување и дека е поставена новогодишната елка.
Од она што во моментов може да се види е дека на градскиот плоштад има елка која е поставена на средината помеѓу дрвените куќички, каде се одржува новогодишен базар, односно се продаваат пијалаци и украси, а од елката над куќарките се простираат светилки. На плоштадот има и мини забавен парк за најмладите и засега тоа е се, а дали ќе има уште ќе видиме во наредните денови до празниците затоа што градоначалничката Арсовска не кажува.
Не се знае ниту дали годинава ќе дојде Дедо Мраз на плоштад и дали ќе има некаква претстава за најмладите.
Неизвесно е и каква новогодишна прослава ќе има на плоштадот и кој ќе настапи, градоначалничката Арсовска спомена дека ќе бидат домашни изведувачи, но сеуште нема дополнителна информација за тоа.
Подготвено од М.Н.