https://kultura.gov.mk/%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%bc%d0%b5-%d0%bf%d1%82%d0%b8%d1%86%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%83%d0%bd%d0%ba%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%b5%d1%80/

19.12.2022 Скопје

На сцената на Македонскиот народен театар премиерно беше изведена претставата „Сите сме птици“, работена по текстот на либанско-канадскиот автор Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски.

Во претставата играат: Дамјан Цветановски, Сара Климоска, Тина Трпкоска, Звездана Ангеловска, Николина Кујача, Емил Рубен, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Сашка Димитровска и Драгана Костадиновска.

Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска, а драматург е Јелена Мијовиќ. Сценографијата на претставата е на Бранко Хојник, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а композитор е Ирена Поповиќ-Драговиќ.

Следните изведби се закажани на 20 и 21 декември и на 30 и 31 јануари.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author