17.12.2022 Скопје
Болката во вратот во повеќето случаи е предизвикана од лошо држење на телото, вклештен нерв или непријатна положба на вратот во текот на спиењето, но во некои случаи, непријатното чувство на болка во вратот може да биде показател за нешто многу посериозно, како што е срцев удар.
Неодамнешно истражување во САД покажа дека 70 отсто од луѓето знаат дека болките во градниот кош се јасен симптом на срцев удар, а помалку од 30 отсто од нив се свесни за некои други, помалку познати симптоми, како што е болката во вратот.
Најчестиот симптом на срцев удар и кај мажите и кај жените е токму болката во градниот кош, но постојат и многу други симптими како што се чувство на зашеметеност или вртоглавица, потење, отежнато дишење, гадење или повраќање, чувство на вознемиреност и кашлање или отежнато дишење.
Според направена статистика повеќе од 80.000 луѓе во Англија секоја година се примени во болница поради срцев удар од кои вкупна стапка на преживување е од седум до 10 отсто.
Токму поради тоа лекарите предупредуваат дека е многу важно веднаш да се препознаат симптомите и да се реагира што е можно побрзо.
Подготвено од М.Н.