https://www.freepik.com/free-photo/water-glass_3817756.htm#query=glass%20of%20water&position=38&from_view=search&track=sph

03.12.2022 Скопје

Потребата за вода варира од човек до човек. Исто така, и кај еден поединец може да постојат разлики во потребата од консумирање вода во различни периоди од животот.

Најопшта е препораката да се пијат по 8 чаши вода дневно. Се разбира доколку е лето оваа количина може да биде поголема, а за време на зимскиот период помала. После интензивен физички напор секако дека е потребно повеќе да консумирате вода, а доколку седите помалку.

Пиењето многу вода во текот на денот е од витално значење за нашето тело и поради повеќе од една причина. Ако мислиме дека не пиеме доволно вода, постојат некои знаци кои ни овозможуваат да разбереме дека нешто не е во ред и дека треба да пиеме многу повеќе вода. Меѓу првите знаци на кои треба да се обрне внимание е чувството на замор.

Пиењето малку вода ја дехидрира кожата и може да го забрза процесот на стареење. Здравата, затегната кожа е прво и основно хидрирана кожа.

Дехидрацијата и анксиозноста може да бидат тесно поврзани. Пиењето малку вода всушност може да доведе до психолошки и когнитивни нарушувања.

Пиењето малку вода може да предизвика чести главоболки и вртоглавица. Воедно, може да предизвика и суви очи, како и сувост и пукање на усните.

Кога пиете малку вода, урината станува поконцентрирана и поиритирачка за мочниот меур, а со тоа предизвикува чувство дека мора да мокрете многу често.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author