zemjotres hercegovina

03.12.2022 Скопје

Земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтер, со епицентар во местото Столац, се почувствува вчеравечер на поширокото подрачје на Херцеговина, како и на јадранското приморје во близина на Дубровник и границата меѓу Хрватска и Црна Гора.

Според локалните и регионалните медиуми, потресот се почувствувал и во Сараево, Зеница, Мостар, Јабланица.

Земјотрес со слична јачина на почетокот на месецов ја стресе областа околу Травник, во БиХ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author