28.12.2022 Скопје
Шпанија го објави третиот пакет мерки за поддршка на граѓаните вреден десет милијарди евра, за ублажување на влијанието на инфлацијата, со што вкупната државна помош од почетокот на годината достигна 45 милијарди евра.
Премиерот Педро Санчез изјави дека пакетот вклучува еднократен бонус од 200 евра за околу 4,2 милиони домаќинства со годишен приход до 27 илјади евра и продолжување на даночните кредити за сметките за енергија во првата половина на следната година.
Пакетот помош е третиот по ред по сличните мерки од март и јуни, кои вклучуваа директна помош, даночни намалувања, поволни заеми и контрола на станбените трошоци. Тие мерки, заедно со договорот кој Шпанија го потпиша со Европската унија за ограничување на цената на гасот за производство на електрична енергија, постигнаа одреден успех.
Подготвено од М.Н.