18.12.2022 Скопје
Германскиот канцелар Олаф Шолц, за конфликтот во Украина изјави дека западните земји никогаш не треба да ги напуштат преговорите со Москва, без разлика колку се големи разликите меѓу двете страни.
Канцеларот Шолц смета дека напуштањето на било какви преговори со Москва само ќе ја отежне задачата за ставање крај на тековниот конфликт во Украина.
Шолц додаде дека и покрај големите разлики во нивните ставови, нема да дозволат нишката на разговори со Русија да се прекине бидејќи тие се залагаат за решение преку преговори, а не за воено решение.
Германскиот канцелар Олаф Шолц постојано повикува на продолжување на дијалогот со Москва, тврдејќи дека тоа е единствената остварлива опција за прекин на борбите во Украина.
Подготвено од М.Н.