16.12.2022 Скопје
Севернокорејските медиуми соопштија дека, Северна Кореја под водство на лидерот Ким Џонг Ун, извршила тестирање на „мотор со цврсто гориво со висок потисок” за да развие ново стратешко оружје.
Тестот бил спроведен во вчерашниот ден на полигон за лансирање на сателити „Сохае”, и ја докажа сигурноста и стабилноста на моторот, обезбедувајќи гаранција за развој на уште еден нов тип на систем за стратешко оружје.
Ова тестирање се случило во исто време додека шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси, во разговор со јужнокорејските власти во Сеул вети сеопфатни напори за запирање на нуклеарната програма на Северна Кореја.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека во најкраток временски период очекува да биде направено уште едно стратешко оружје од нов тип.
Подготвено од М.Н.