https://www.flickr.com/photos/134170302@N04/24145740446/in/photolist-CMFepL-BSAzkx-W5wQQE-2bZqMxp-BStjXu-26QwhnG-fHfFfg-2jftF4P-ZdET63-JjHoDx-BgpdD6-CMFafy-6n7JXP-WZTf8h-CPZ78c-6tCpDc-4mdM61-X8bk3d-2jfxT2C-4zT3Zc-7QiTDe-5xBiU1-SR4EnJ-wfAvV-2hkP9mY-CPZ1SH-BSAyon-KisBm1-2kLRMmw-Tmt6De-Xq8TeL-93TzyS-2hL85Yi-2j2jjqy-CPYZ6X-2jftEN3-2jfxSrE-CMFbAu-2jfxSDP-CnRNao-LrwdFW-yh76hD-CgtLG2-XHoeuq-2jn8QSe-ZxdcTE-XNUf9o-2iT5fHq-2nyZ76d-ZxcLg7

15.12.2022 Скопје

Министрите за енергетика на Европската унија на состанокот во Брисел не успеаја да изнајдат конечно решение и договор за ограничување на цените на природниот гас на територијата на унијата и поради тоа нов вонреден состанок е свикан во понеделник на 19 декември.

Одговарајќи на повторените барања од некои земји, Европската комисија предложи ограничувања на цените во ноември како нов одговор на ЕУ поради скокот на цените на гасот предизвикан од војната во Украина.

Членките, вклучувајќи ги Германија, Австрија и Холандија, стравуваат дека ограничувањето на цените на гасот може да ги пренасочи многу потребните набавки надвор од Европа и да го наруши функционирањето на енергетските пазари, а од другите земји пак, вклучувајќи ги Грција, Белгија, Италија и Полска, побараа ограничување за кое велат дека ќе ги заштити нивните економии и жители од високите цени на енергијата.

Германскиот министер за економија, Роберт Хабек истакна дека има виден напредок но сеуште нема конечен договор за ограничување на цената на природниот гас но на 19 декември ќе го дадат својот максимум за конечно да се постави ограничување на цената на територијата на Европската унија.

Подготвено од М.Н.

About Author