06.12.2022 Скопје
Во однос на останатите светски валути, вредноста на доларот се зголеми на светските пазари. Индексот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 105,27 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,28 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 134,35 на 136,90 јени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0490 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0575 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа, откако вчера потонаа за повеќе од 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,55 отсто, на 83,15 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,53 отсто, на 77,35 долари.
Пазарот расте во последните недели благодарение на надежта на инвеститорите дека американската централна банка ќе го забави темпото на зголемување на каматните стапки веќе во декември.
Во моментов клучните каматни стапки се движат од 3,75 до 4 отсто, што е највисоко ниво од почетокот на 2008 година.
Подготвено од А.Ѓ.