https://www.flickr.com/photos/loga/2892493349/in/photolist-5pAMuZ-GBxsWP-GBxu3M-5pEZHJ-5pAFEx-5pAF4p-5pEZqm-5pF2Gb-5pAHo4-5pAKSV-5pAKkv-5pAGxz-5pEZ6J-5pAHQr-4YjHtP-7Xxyrd-2iHCWCT-2iHQcaQ-2iHRLHA-5pEYFC-DKnnF-5pAKcx-5pF3rh-H6t7Rx-5pAJmR-5pF22f-2iHMsgV-ezcDVp-2nSAzGT-9x1kCD-YnEoTh-oQhxft-oQihTE-Mwhdzm-oQhMwL-MDvPpK-2iKjHRj-N2C3jo-VzWhZc-bAsgqz-bAsg9K-bnxoFw-bnxot1-bAsiTk-S8FBe5-bAsfVg-2j6SxkE-bAseVt-8RDhTA-So47e8

19.12.2022 Скопје

Хрватска е една од земјите со најразвиена мрежа на банкомати и поради воведувањето на еврото почнува постепено прилагодување на новата валута.

Банкоматите на деловните банки се најважниот канал за снабдување со готовина во куни во Република Хрватска, а ќе бидат и клучниот канал за снабдување на граѓаните со евро банкноти.

Банкоматите треба да се приспособат така што од 1 јануари 2023 година да се исплаќаат исклучиво во евра, додека банките се обврзани да обезбедат соодветна достапност на куни преку мрежата на банкомати до крајот на 2022 година.

Од 15 до 31 декември граѓаните на Хрватска ќе може бесплатно да подигаат куни на кој било банкомат, додека од 1 до 15 јануари без надомест ќе може да се повлекуваат евра од банкоматите.

Поради густината на поставеноста на банкоматите тие постепено привремено ќе се исклучуваат во текот на декември и почетокот на јануари, за банките да можат да ја приспособат мрежата на банкомати за исплаќање евра до 15 јануари 2023 година.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *