28.12.2022 Скопје
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски по средбата со тутунопрооизводителите и откупувачите на тутун, изјави дека откупот на тутунот за првпат поминува без никаков проблем.
Целокупното производство од годинашната реколта ќе биде откупено два месеца порано по просечна цена од 290 денари за килограм. Николовски оцени дека откупот на тутун годинава пишува историја и по цена и по количина и по период на откуп.
Министерот Николовски информрираше дека од типот „Прилеп” се откупени околу 19.980 тони, а од типот „Јака” 234 тони тутун, а според учеството по класи околу 16.139 тони се откупени во I класа, што претставува околу 79,8 проценти од вкупно откупената количина, а во II класа околу 3.981 тони што претставува околу 19,7 проценти од вкупно откупената количина што укажува дека годишната реколта е со висок квалитет.
Вкупната вредност на откупениот тутун е околу 5,8 милијарди денари, а од страна на откупните претпријатија исплатени се околу 5,5 милијарди денари односно околу 94 проценти.
Тутунопроизводителите изразија задоволство што за првпат новогодишните празници ќе ги дочекаат заедно со нивните семејства, неместо на протести, а министерот Николовски очекува овој позитивен тренд да продолжи и во следната 2023 година.
Подготвено од М.Н.