27.12.2022 Скопје
Богатиот клуб од Блискиот Исток стана фаворит за потписот на Роналдо, откако тој го раскина договорот со Манчестер јунајтед пред Светското првенство во Катар, додека неговиот агент Жорге Мендеш не успеа да најде европски клуб кој учествува во Лигата на шампионите за 37-годишниот Португалец.
Ал-Наср веќе им букирале сместување на Роналдо и неговите советници и се верува дека основните услови на договорот се веќе усогласени и дека се чека само конечната одлука наа Роналдо.
Роналдо има понуда за седумгодишен договор со Ал-Наср вреден 75 милиони долари по сезона, односно тој би земал неделна плата од милион долари.
Доколку стави потпис на договорот, тој покрај високата плата ќе биде и амбасадор на Саудиска Арабија во кандидатурата за Светското првенство во 2030 година, а му се ветува и улога во водењето на клубот, со именување на тренер по негова желба ако тоа го посака.
Подготвено од М.Н.