https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2956689707955246&set=pb.100008427372594.-2207520000.&type=3

26.12.2022 Скопје

Токсикологот Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија соопшти дека амонијакот е исклучително токсичен, и ако се вдише може да предизвика компликации, а лекувањето е тешко и долготрајно. Освен што ги гори дишните патишта, предизвикува и слепило, а доколку се вдише во поголеми количини и смрт.

На социјалните мрежи се појави видео од безбедносни камери, на кое се гледа како токсичниот облак се шири над патот и го прекрива градот Пирот.

Според токсикологот Чибишев, сега само ветерот може да им помогне на жителите на Пирот, бидејќи ќе го разнесе амонијакот да не е со голема концентрација на едно место.

Градоначалникот на Пирот, Владан Васиќ, доцна синоќа прогласи вонредна состојба кога два вагони, цистерни од воз, кој превезувал амонијак се лизнале и паднале во реката Нишава кај Сопотски Хан.

Подготвено од М.Н.

About Author