03.12.2022 Скопје
Белата куќа ја поздрави вчерашната одлука на Европската унија за „заедничко делување” по прашањето за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел и додаде дека тоа ќе има ефект на ограничувањето на руските приходи.
Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби истакна дека продолжуваат да веруваат дека ограничувањето на цената ќе помогне да се ограничи способноста на Путин да профитира од нафтата, што ќе му отежне да ја финансира неговата воена машинерија.
Претходно, Европската унија одлучи да ја ограничи цената на 60 долари за барел, откако Полска се согласи да го деблокира договорот што беше закочен од пред четири дена.
Механизмот за ограничување на цените ќе стапи на сила во понеделник, на 5 декември.
Подготвено од А.Ѓ.