https://viatapolitica.ro/ambasadorul-rusiei-la-washington-reactie-dupa-vizita-lui-zelenski-actiunile-provocatoare-ale-sua-duc-la-o-escaladare-ale-carei-consecinte-nici-macar-nu-pot-fi-imaginate-%e2%8b%86-universu/?fbclid=IwAR1oOpp-TaAU5smmvC9M6RSrYR_eilL-HSZ58OjMxsA8RDbecqALj6mNiJI

22.12.2022 Скопје

Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов изјави дека посетата на Володимир Зеленски на Вашингтон покажува дека ниту САД ниту украинскиот претседател не се подготвени за мир.

Антонов ја опиша посетата на Зеленски на САД како „патување во холивудски стил“, откако Зеленски одржа говор во американскиот Конгрес.

Она што во основа беше најавено и поздравено со аплауз и саркастично намигнување е потребата од продолжување на „прокси војната“ против нашата земја, до целосна победа, истакна Антонов, кој ја коментираше и најавата на Бајден за испраќање на моќниот американски ракетен систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ на Украина.

Антонов истакна дека сите совршено разбираат каква судбина го чека персоналот кој ќе управува со тој систем на територијата на Украина.

Рускиот амбасадор тврди и дека американското учество во конфликтот во Украина може да доведе до ескалација на конфликтот бидејќи провокативните потези на САД лесно водат кон ескалација, чии последици не можат ниту да се замислат.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *