https://www.facebook.com/photo.php?fbid=472756361553984&set=pb.100064588728131.-2207520000.&type=3

06.12.2022 Скопје

Израелската безбедносна компанија Рафаел и американскиот производител на пружје Локхид Мартин објавија дека заеднички ќе развијат високоенергетски ласерски систем кој ќе служи во противвоздушната одбрана.

Системот ќе се базира на „Челичен сноп”, ласерски противракетен систем што Рафаел го развива со израелското Министерство за одбрана.

Оваа година, „Челичниот сноп” помина низ низа успешни тестови и се очекува да биде во оптек во текот на оваа деценија. Заедничкиот производ ќе биде наменет за американскиот и за други пазари.

Двајцата производители соопштија дека развојот, тестирањето и производството ќе бидат направени и во САД и во Израел.

Израелската безбедносна компанија Рафаел го дизајнираше „Челичниот сноп” за да го надополни опсегот на системи за противвоздушна одбрана што ги користи Израел, вклучувајќи го и високоефикасниот, но многу скап противракетен систем „Челична купола”.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author