07.12.2022 Скопје
Денеска, Вашингтон и Канбера ја повикаа јапонската војска да распореди сили во Австралија на ротациона основа, обврзувајќи се на единство во контекст на воените планови на Кина.
Австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс истакна дека е важно да го направат ова за да воспостават рамнотежа во нивниот регион, поканувајќи учество на други земји во регионот и со нетрпение очекува идни разговори со Јапонија.
На прес-конференцијата што ја одржаа австралиските и американски министри за одбрана и за надворешни работи по разговорите во Вашингтон, Марлс изјави дека кон крајот на седмицата патуваат за Јапонија и ќе ја поканат повеќе да учествува во вежбите со Австралија и со САД.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин додаде дека сојузниците сакаат Јапонија да учествува во заедничките операции со Австралија, каде што САД распоредуваат околу 2.000 маринци во Дарвин (север) од 2012 година, кои се ротираат на секои шест месеци.
Австралиските министри за одбрана и за надворешни работи, исто така, изјавија дека во Вашингтон се договориле за зајакнување на воената соработка со САД.
Шефот на Пентагон додаде дека САД и Австралија се договориле за зголемена ротација на бомбардери, ловци и војници на американската армија и морнарица.
Подготвено од А.Ѓ.