23.12.2022 Скопје
Амбасадорот на Русија во Белград, Александар Боцан Харченко, истакна дека во Србија постои теза дека Русија ја искористила „суверенизацијата” на Косово и посочи дека Москва нема потреба да се крие зад „косовскиот преседан”.
Според Харченко, ако се прочитаат изјавите на претседателот на Русија Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, се разбира дека државниот врв „пред сè ја става заштитата на националните интереси на Русија, обезбедувајќи ја безбедноста на татковина и строго го следи меѓународното право во своите постапки”.
Рускиот амбасадор Харченко додаде дека во контекст на решавањето на косовското прашање тргнуваат со иста претпоставка и истакна дека позицијата на Русија е непроменлива, односно дека треба да се бара правично решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина, во меѓународни рамки дефинирани во Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Подготвено од М.Н.