21.12.2022 Скопје
Народно собрание на Бугарија го усвои предлог-закон за контрола на примената на исклучок за купување, увоз или пренос на сурова нафта транспортирана по море, со потекло од Русија или извезена од Русија во Бугарија.
Во народното собрание 146 од народните избраници гласаа „за“, 44 беа „против“, а четворица „воздржани“.
Предлог-законот предлага забрана за извоз на сурова нафта и нафтени деривати oд Русија, кои се предмет на отстапување (исклучок) од страна на ЕУ. Покрај тоа, се предвидува и наметнување данок на додадена вредност и акцизи, со што ќе се гарантира плаќање на давачките на буџетските рати во краток временски период и да се овозможи финансирање на надоместоците за високите цени на горивата во Бугарија.
Вицепремиерот и министер за енергетика на Бугарија, Христо Алексиев, соопшти дека руската компанија „Лукоил“ уплатила во буџетот аконтација на данок во износ од 90 милиони лева (45 милиони евра).
Алексиев истакна дека руската компанија донела официјална одлука за пренос на сите економска дејност од Холандија во Бугарија.
Овие 90 милиони лева (45 милиони евра) се повеќе од даноците што „Лукоил“ и ги плати на Бугарија во изминатите 20 години. Затоа, бензинот А-95 во Бугарија чини околу 2,70 лева (1,35 евра) за литар и од месец август, кога започна работата на техничкиот премиер Галаб Донев, до моментот горивата поевтинуваат во за околу 60-70 стотинки (30-35евроценти).
Подготвено од М.Н.