06.12.2022 Скопје
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека има распоредено мобилни одбранбени ракетни системи во северниот дел на Курилски Острови, лоцирани помеѓу Јапонија и рускиот полуостров Камчатка.
Москва и Токио спорат за Курилски Острови уште од крајот на Втора светка војна, кога советските трупи ги окупираа и ја истиснаа Јапонија.
Рускиот ракетен систем Бастион, со дострел до 500 километри, е распореден на островот Парамушир во северниот дел на Курилски Острови.
Руското Министерство за одбрана наведе дека распоредувањето на ракетен систем на островот Парамушир уследи една година по распоредувањето на системите Бастион на островот Матуа, во централниот дел на Курилски Гребен.
Откако Токио воведе санкции кон Москва поради инвазијата врз Украина, Русија се повлече од мировните преговори со Јапонија и ги замрзна заедничките економски проекти поврзани со спорните Курилски Острови.
Подготвено од А.Ѓ.