https://www.facebook.com/photo/?fbid=470262575296808&set=pb.100069392071612.-2207520000.

20.12.2022 Скопје

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека опасната политика на Вашингтон ги доведе САД и Русија на раб на директен судир.

„По фијаското во Авганистан, САД се вовлечени во нов конфликт, и не само што финансиски и со оружје го поддржуваат неонацистичкиот режим во Киев, туку и го зголемуваат своето воено присуство на теренот“ истакна Захарова.

Москва ја повика владата на американскиот претседател Џо Бајден трезно да ја процени ситуацијата, се надеваат дека во Вашингтон ќе ја слушнат вистината.

Захарова истакна дека Москва нема да се откаже од комуникацијата со САД но за барем минимален напредок е потребен и чекор на Вашингтон, а за тоа се потребни политичка волја, отвореност и спремност да се преговара чесно, и без скриени намери.

Подготвено од М.Н.

About Author