01.12.2022 Скопје
Денеска, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД и НАТО се учесници во војната во Украина поради помошта што ја даваат на Киев, обвинувајќи ги дека обучуваат украински војници на нивна територија.
На прес-конференцијата, Лавров истакна дека Вашингтон и Северноатлантската Алијанса се вклучени во војната бидејќи ја снабдуваат Украина со оружје и ѝ обезбедуваат воена обука на своја територија.
Шефот на руската дипломатија додаде дека САД се „егзистенцијална” закана за Русија од Украина. Воедно, додаде дека Западот имал реална шанса да избегне конфликт во Украина, но избра да ги отфрли руските предлози да се запре проширувањето на НАТО и договорот за посебен безбедносен статус за Киев.
Западот вели дека руските предлози дадени пред војната во Украина биле нереални и неискрени.
Шефот на руската дипломатија истакна и дека пред војната во Украина, Русија многу, многу години ги предупредуваше сите.
Подготвено од А.Ѓ.