25.12.2022 Скопје
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да преговара со сите страни вклучени во конфликтот во Украина, но Киев и неговите западни поддржувачи одбиваат да учествуваат во разговорите.
Во интервју за руската државна телевизија, Путин нагласи дека дејствуваат во вистинската насока и ги штитат националните интереси, интересите на граѓаните и народот и едноставно немаат друг избор освен да ги заштита руските граѓани. Воедно, истакна дека Русија не одбива да преговара.
Рускиот претседател тврди дека е „100 отсто“ сигурен дека Русија ќе ги уништи американските ракети „Патриот“ во Украина и го критикуваше Западот за обидот да ја „распарчи“ Русија.
Подготвено од А.Ѓ.