14.12.2022 Скопје
Властите на Соединетите Американски Држави обвинија пет Руси и двајца Американци за заговор за снабдување и перење пари.
Министерството за правда во Вашингтон соопшти дека осомничените се обиделе да добијат од американски компании технологија за воена употреба за рускиот одбранбен сектор а со тоа се докажува дека осомничените работеле во име на Владата на Москва.
Од Вашингтон исто така истакнаа дека осомничените имале договорено и шверц на снајперска муниција и со тоа ги прекршиле санкциите наменети од САД, а еден од осомничените се претпоставува дека е офицер на Федералната служба за безбедност.
Од министерството за правда во САД изјавија дека тројца од осомничените се веќе приведени додека пак четворица од русите се уште се во бегство.
Од страна на Русија се уште нема официјални изјави околу овој случај.
Подготвено од М.Н.