https://www.flickr.com/photos/vladacg/52209867915/in/photolist-2nxBdLt-2hUSf68-2hUSf5m-RsXs5W-2nxz8uV-2cd8LZX-RsXs8G-2dANbe2-2cd8LRF-2dwjKqU-2hUR5Hr-2hUXidA-2hUXiex-27WTrGC-YDXztV-YgtiSm-Uvm3Rr-TSH5L7-Uz12yC-pDct22-RDNi2f-2m5x1R3-2hUYh1x-2m5psWi-2navHGr-27EmKNr-2m5tFTG-DKAfoV-2m5uHZk-2m5z5NJ-27EmKER-2madyx9-DKAfba-22j5Ech-DKAfrF-ZvB2Sj-TSJwoN-22jRVrq-27FmmWP-FgGeeG-22jRVhs-pmGRPy-DKAfma-DKAfgR-2jUHXHP-MhyKgg-2nw8RS7-282waLC-NDM7sN-NDM7B5

19.12.2022 Скопје

Претседателот на Бугарија, Румен Радев вчера учествуваше на традиционалниот ритуал на палење свеќите на Фестивалот на светлината Ханука, што се одржа во Централната софиска синагога во Софија.

На прославата присуствуваа и бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков и претставници на дипломатскиот кор во Софија.

Претседателот  Румен Радев упати благодарност на организацијата Шалом на бугарските Евреи, како и на Централниот израелски духовен совет, што овозможија заедно да го споделат овој голем празник, што носи духовна светлина за сите.

Претседателот на Бугарија, Радев исто така најави дека по Нова година ќе и го предаде вториот мандат за формирање влада на втората по големина партија во Народното собрание „Продолжуваме со промената”.

Подготвено од М.Н.

About Author