https://www.flickr.com/photos/ludo29/5432614970

31.12.2022 Скопје

Кристијано Роналдо официјално ставил потпис на договорот со клубот од Саудиска Арабија, Ал Наср, но официјална потврда се уште нема.

Роналдо ќе игра за Ал Наср во наредните две и пол години, а вкупната сума која ќе ја заработи ќе биде 500 милиони евра, односно по 200 милиони евра по сезона.

Од неофицијални извори се дознава дека Роналдо не само што ќе игра две и пол години во Ал Наср, туку тој ќе биде и амбасадор на Саудиска Арабија за да го добие Светското првенство во 2030 година.

Наскоро се очекува и официјална потврда од клубот.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *