28.12.2022 Скопје
Според австриската министерка за европски прашања Каролине Едштадлер, Австрија ќе се согласи Романија и Бугарија да се приклучат на Шенген зоната само откако ќе се направат промени во миграциската политика на ЕУ.
Едштадлер за австриското јавно радио ОРФ изјави дека сакаат да продолжат да разговараат за проширувањето на Шенген, во координација со партнерите во Бугарија и Романија, за да можат да го вратат на дневен ред откако ќе се преземат неопходните чекори во врска со политиката за мигразија и азил. Исто така, додаде дека австриската влада очекува напредок напредок од јануари наваму, кога претседавањето со Советот на ЕУ ќе го преземе Шведска, земја со искуство кога станува збор за миграцијата.
Според Едштадлер, одлуката за проширување на Шенген нема да се одложи додека не се усвои целата реформа за азил на ниво на ЕУ, бидејќи процесот ќе потрае. Воедно, истакна дека мораад да ги преземат овие чекори, чекор по чекор, и да воспостават план, а потоа може да се зборува за проширување на Шенген, односно за вклучување на Бугарија и Романија.
Австрија верува дека пилот-проектите за брзо управување со процедурите за азил на надворешните граници на ЕУ, парите за земјите лоцирани на овие граници и „можноста да се побара азил во безбедни трети земји“, треба да бидат вклучени во измените на Политика на ЕУ за мигрантите.
На 8 декември, Австрија стави вето на обидот на Романија да се приклучи на безграничната Шенген зона. И покрај критиките, позицијата на Австрија не е променета.
Централнодесничарската влада предводена од канцеларот Карл Нехамер продолжува да тврди дека 20.000 илегални мигранти ја преминале Романија пред да стигнат до Австрија, и покрај тоа што нема докази и дека граничната агенција на ЕУ Фронтекс им противречи.
Подготвено од А.Ѓ.