Moldavija i romanija

02.12.2022 Скопје

Марсел Чолаку, претседателот на Домот на пратениците на романскиот Парламент, изјави дека би сакал Романија да се обедини со Република Молдавија.

Чолаку истакна дека ова е „најкраткиот” пат за Молдавија да влезе во Европската унија.

Претседателот на Долниот дом на романскиот Парламент изјави дека најранливата земја од целосно неоправданиот конфликт во Украина е Република Молдавија и мора да одлучат дали ќе дозволат Република Молдавија порано или подоцна да се врати под советско влијание. Воедно, додаде дека пристапувањето на Молдавија во Европската унија ќе одземе најмалку 10 години и или ја имаат пократката опција при што Романија ќе се обедини со Република Молдавија.

Во овој контекст, Марсел Чолаку, кој се очекува да стане следниот романски премиер според коалицискиот договор за ротација на премиерите, потенцира дека ја претпочита пократката опција.

Според резултати од истражување на јавното мислење објавени вчера, повеќето граѓани на Молдавија се против обединување со Романија.

Резултатите од анкетата на CBS-Research, нарачана од Институтот за јавна политика на Молдавија, покажуваат дека само околу една третина од населението на Молдавија ја поддржува идејата за обединување со Романија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author